Дали блискоста на Ковачевски и директорот на „Аитоникс“, Андонов е причината за добивањето криминални тендери во вредност од над 40 милиони евра, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на владата на ДУИ и СДСМ за сомнителните тендери, кои директно се поврзани со Димитар Ковачевски, каде што фирмата „Аитоникс“ за три години добила над 40 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во рок од три години, во два посебни тендера криминалната влада на ДУИ и СДС добила фирмата ‘Аитоникс’ на Марко Андонов, тендер за софтверски лиценци.

Лицето Марко Андонов, кој е претседател на одборот на директори на фирмата ‘Аитоникс’ е колега на приватен факултет токму на Димитар Ковачевски“, посочуваат од опозициската партија..

Прашуваат дали поради блискоста на Ковачевски и Андонов како најголемата причина за добивање на тендерите токму на оваа фирма, Владата и СДСМ не одговраат на јавно упатените прашања.

„Нема ни одговори зошто првиот тендер вреди 15 милиони евра, а три години потоа во 2023 година истиот тендер вреди 10 милиони евра повеќе или 25 милиони евра. ДУИ и СДС наместо да делат криминални тендери на лица блиски до нив, можеа да го решат проблемот за 15 години на над 40 илијади дијабетичари во Македонија за кои за терпија годишно трошат над 250 илијади евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, наместо 40 милиони евра за овој криминален тендер за софтвери, Владата можела за неколку години да го реши проблемот на болните од цестична фиброза со набавка на лекот трикафта.

„Македонија тоне во криминал, секој ден нов криминален тендер, секој ден граѓаните се посиромашни а власта мува не ја лази и бара начин како да украде некој денар повеќе. Одговорност за секој криминален тендер, за секој криминал и за секое уназадување на државата ќе има, додаваат од партијата“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.