Заев во паника, пола раководство му бара оставка, а другата половина се срами и му се потсмева позади грб, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
„Нека не ја замајуваат јавноста на денот кога се знае дека Бугарија не е единствената што вели дека треба да има вето. Каде се оние за кои Заев велеше дека ќе им го омекнел срцето. Наведната глава никој не почитува туку работа и дела какви нема Заев. Младиот Васев нека отиде во партија и нека го праша премиерот во заминување Заев што тајно преговара во Софија. Дали денес има разговори во Софија на кои Заев има понуда за прифаќање дека Бугарија не била окупатор туку ослободител, за тоа дека не постои македонско малцинство во Бугарија и прифаќајќи дека македонскиот јазик е стебло без корен. Ако на Васев му е важна Македонија, а не фотелјата на Заев го повикуваме да ни се приклучи на народните протести наместо да ја замајува јавноста“, наведено е во соопштението.