![vmro dpmne](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/vmro-dpmne.jpg?resize=645%2C390&ssl=1)
Дали директорот на БЈБ влијаел врз случај каде се тепани припадници на ЕБР? Вадени ли се луѓе од записник заради врски со него, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ постави прашања, а директорот на БЈБ и ЈО молчат, се вели во соопштението на оваа партија.
„Сашо Тасевски мора да одговори, дали едно од четворицата лица кои биле фатени и евидентирани од полицијата под сомнение дека сакале да употребат бела прашкаста материја, и притоа ја нападнале полицијата бил негов син?
Сашо Тасевски мора да одговори, дали настанот кој се случил во 1 часот по полноќ, а напаѓачите биле однесени во ПС Карпош во 1.45 часот, е заведен во полициски билтен дури во 6.30 часот сабајлето, под притисок?
Дали таквиот притисок или нешто друго е причина за во полицискиот билтен наместо четворица, да бидат запишани три лица? И фали четвртото лице е синот на Тасевски?
Сашо Тасевски да не се крие и да даде одговори. Истовремено ЈО да не чека и да отвори истрага“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.