Делењето брачна постела може да биде вистинска мака, посебно ако партнерот ‘рчи или цела ноќ се води битката за јорганот.
„Традицијата на спиење во заеднички кревет, започна со индустриската револуција со вселувањето во пренатрупани градови и мали станови. Но таа може да биде погубна за љубовта и за здравјето на партнерот,“ тврдат британските лекари.
Нивниот став го поткрепува и студијата од британскиот универзитет Манчестер која покажува дека луѓето спијат дури 50 отсто подобро ако се одвени од својот брачен партнер. Денеска, дури 25 отсто од брачните партнери спијат одвоено, а тој тренд е се почест во САД и Јапонија. Најчести причини за ова се поголема удобност, различни желби околу температурата на собата, хрчењето, но и различните навики на спиење и станување.
Од друга страна, неодамнешната студија во Питсбург покажало дека заедничкото спиење го зголемува лачењето на хормонот на среќа окситоцин, а го намалува хормонот на стрес кортизол.