Иако научно не е докажано дека голтаме пајаци во сон, искуствата наведуваат на заклучок дека тоа понекогаш се случува.
Можат ли пајаците навистина да ни влезат во устата додека спиеме и ако не можат, како тоа многумина го прифатиле како факт?
BBC Earth спомнатото прашање го поставил на својата страница на Фејсбук.
-Ако ги голтаме, тогаш тоа не сакам да го знам, вели Марџи Вилијамсон, со кого се сложуваат голем број корисници.
-Ве молам кажете ми дека ова е мит, или ќе ставам превој преку устата, напишала Клер Џејс.
Познато е дека овие инсекти сакаат да се вгнездат во ушниот канал.
Во медицинската литература забележани се случаеви кога пајаци каснуваат луѓе додека спијат. Студијата за каснувањата на белорепиот пајак во Австралија покажува дека секоја трета личност била касната додека спие.
Има и пајаци поради чие каснување човекот може да заврши во болница.
И некои од корисниците на Фејсбук имале ноќна средба со пајак.
-Еднаш пајакот ме касна на лицето додека спиев, напишала Венди Маршал.
-Во тоа време живеевме во Јужна Африка. Лекарот рече дека веројатно шетал по моето лице, па сум го вознемирила! Фала му на Господ што беше премногу голем, па не сум го голтнала, додава таа.
Логично е да се претпостави дека некој пајак, одвреме навреме завршува во устата на човекот. Но колку често тоа се случува?
Корисникот Крејг Бити слушнал дека човекот во просек голта седум пајаци годишно. Ен Ејлмер смета дека тоа е број на пајаци кои ги проголтуваме во текот на целиот живот. Други велат дека човекот во текот на животот голта во просек осум пајаци.