Новата Влада која за некој ден ќе започне со нејзината работа една од значајните платформи на дејстување ќе биде борбата против криминалот и корупцијата на секое поле од општественото делување. Тоа го очекуваат македонските граѓани, а и го потврдија на последните претседателски и парламентарни избори.
Па така, безусловно е безредието на функционирање на институциите, меѓу другото и хаосот во образованието да се отплеткува и решава. Посебен осврт во ова мое пишување е хаосот во Агенцијата за квалитет во високото образование и нивните Одбори за акредитација и евалуација во високото образование и вмешаноста на личности и институции во образовниот криминал и корупција во истите тие институции.
За случувањата на Универзитетот за информатички науки и технологии „Апостол Павле (УИНТ) во Охрид, пишував и пишувам, дека се доставени две кривични пријави против сегашниот ВД ректор Нинослав Марина, кој за време на изборите успеал по четврти пат да биде назначен за ректор и против претходниот ректор Иван Бимбилоски, за злоупотреба на јавна функција и организиран криминал до Основното јавно обвинителство (ОЈО), а истото е препратено и до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), како и до Транспарент Интернешенел Македонија.
Имено, двајцата професори Нинослав Марина и Иван Бимбилоски, наизменично менувајќи ја функцијата ректор – проректор, во повеќе од 10 (десет) години, како редовно вработени на УИНТ-Охрид, паралелно биле вработени, а сеуште се во други странски институции во Швајцарија…Кина, Казакстан…, каде што ги извршувале своите обврски, додека на Универзитетот „Апостол Павле“ (УИНТ) иако се во редовен работен однос, односно стално вработени и истите се ставени на наставен распоред да држат настава, предавања, со што воопшто не ги исполнувале своите обврски и извршувале и јавни функции на истиот универзитет.
Карактеристично е и тоа што за ваквата ситуација бил запознаен и министерот за образование и наука (во заминување) Јетон Шаќири, кој претходно целиот свој мандат на извршување на функцијата министерот бил запознаен за ваквата ситуација на УИНТ-Охрид, запознаен бил и раководителот за високо образование на МОН и сето тоа го премолчувале, иако до Јетон Шаќири во февруари 2024 година, Државниот просветен инспекторат (ДПИ) има испратено известување за итно средување на ситуацијата на Универзитетот со злоупотребите на ректорот, како и за други незаконитости соглано Законот за високо образование (ЗВО).
Министерот Јетон Шаќири знаел, а премолчувал?
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, иако знаел, дозволил пратениците на ДУИ и СДСМ во Собранието на Република Македонија-партискиот активист на ДУИ, Расим Зубери, да биде избран за нов директор на Агенцијата за квалитет на виокото образование(АКВО), спротивно на член 56 од Законот за високо образование (ЗВО) каде што треба да има најмалку десет (10) години работно искуство во областа на високото образование. Ова од причина што новиот гостиварски активист на ДУИ, близок човек на Талат Џафери (командант Форина) е и член на Надзорниот одбор на политичката партија ДУИ во Гостивар, самиот овој факт потврдува и е доволен показател за грубо мешање на политиката во постапката на именување на директор во едно стручно тело како што е Агенцијата за квалитет на високото образование (АКВО).
Кои се ингеренциите на органите на Агенцијата за квалитет на високото образование
Само за потсетување. Согласно Законот за високо образование, формираната Агенција за квалитет на високото образование (АКВО) е самостоен стручен орган и во рамките на АКВО (кој има свој партиски директор) нејзини органи се: Одборот за акредитација на високото образование и Одборот за еваулација на високото образование.
Надлежност на Одборот за акредитација, како стручно тело, меѓу другото е да утврдува исполнетост на условите за организирање на студии за нови студиски програми на високообразовната установа и го утврдува капацитетот за студирање на високообразовната установа, одлучува за акредитација на студиски програми за период од пет студиски години… Види: ЗВО(Сл.весник на РМ.бр.82/2018)
Надлежност на Одборот за евалуација (вреднување), меѓу другото е да го следи и оценува квалитетот на вршењето на високообразовната дејност, научноистражувачката, уметничката и стручна работа на акдемскиот кадар на високообразовната установа, а посебно на нивните студиски програми најмалку на секои пет години и врз основа на тоа му предлага на Одборот за акредитација да ја продолжи или одземе акредитацијата… Види:ЗВО (Сл.весник на РМ бр.82/2018)
Дали АКВО е стручен орган или Туристичка агенција за партиски активисти
Согласно ЗВО, Агенцијата за квалитет во високото образование (АКВО) е самостоен стручен орган, но практиката покажува дека АКВО делува како Туристичка агенција на партиски активисти на ДУИ и СДСМ, а тоа се покажува и со поранешниот директор Агим Рушити активист на ДУИ и близок човек на АБАЗ (Али Ахмети), на иста основа функционира Одборот за акредитација во високото образование со сега поранешната претседателка Татјана Стојановска Иванова, а сега именувана во Одборот за евалуација, како и други членови. Поставените членови – професори (партиски поставени) не си ги извршуваат законски, стручно и професионално своите надлежности. Тоа се потврдува со фактот што се и сешто се акредитира со неисполнување на условите за организирање на студиски програми и студиски програми потребни за пазарот на трудот, како и со наставен кадар.
Додека Одборот за еваулација во високото образование, односно нивните претседатели и членови не извршиле ниедна евалуација (вреднување) на ниеден јавен и приватен универзитет во Р.Македонија. Срамно и понижувачко однесување на Агенцијата за квалитет на високото образование, која делува и работи како што наведов како Туристичка агенција, а не како стручно тело!.
За сето ова Новата Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и партнерите во владата, треба да побараат преиспитување и одговорност!!!
Партиски активисти на ДУИ и СДСМ во Одборот за акредитација и Одборот за евалуација
Откога се договорија ДУИ и СДСМ да постават активист на ДУИ за директор на Агенцијата за квалитет на високото образование (АКВО), веднаш потоа си назначија и нивни старо-нови членови (активисти на ДУИ и СДСМ) во Одборот за акредитација и Одборот за евалуација за високото образование.
Кои се новите партиски членови во Одборот за акредитација
На седница на Владата, а објавен во Службен весник на Република Македонија од 21.02.2024 година, со Решение бр.14-2440/1 од 13 февруари 2024 година, се именувани (старо-нови) членови на Одборот за акредитација (ОА) на високото образование, професорите: Виолета Цветкоска, Ана Данева Маркова -член на СДСМ, Вангелче Митровски, Јетмире Јакупи-ДУИ ( од Одборот за евалуација, сега е распоредена како член во Одборот за акредитација), Билјана Цигловска Бојческа од универзитетот на Мерко Струга „голем експерт на ДУИ и СДСМ“ и Марјан Ѓуровски-член на СДСМ, кој воедно е и близок човек на Пенадаровски „експерт“ и претседател на Одборот за акредитација.
Овој „експерт“ професор Марјан Ѓуровски има неограничени желби да биде на функција. Од екс Проректор на УКЛО-Битола, па специјален Конкурс за негово трансформирање на Филозовскиот факултет во Скопје, член на Комисија за одликување на претседателот Пендаровски и сега член на Одборот за акредитација на високото образование.
Врие во академската фела за овој систем едно лице да нема усул и да биде поставен секаде и секогаш. Очекувам Марјан Ѓуровски да ја надмине и Марина Митревска која се прошета од Одборот за акредитација во Одборот за евалуација, па сега Татјана Стојановска Иванова од Одборот за акредитација во Одборот за евалуација на високото образование! Е тоа, тоа го уништи СДСМ на овие избори кој изгуби катастрофално! Оттука, се поставува прашањето: Дали Агенцијата за квалитет на високото образование е туристичка агенција во која поединци се шетаат од еден во друг Одбор или е највисока образовна агенција? Со ваквите политики на ДУИ и СДСМ се во функција на нивно исчезнување од политичката сцена !!!
Кои се новите партиски членови во Одборот за евалуација
Во објавениот Службен весник на Република Македонија од 21.02.2024 година, со Решение бр.14-2442/1 од 13 февруари 2024 година, се именувани членовите на Одборот за евалуација (ОЕ) на високото образование членовите- професори: Боро Џонов, Татјана Стојановска Иванова- активен член на СДСМ (кој и престанува мандатот како престедател на Одборот за акредитација и сега е именувана како нов член во Одборот за евалуација, „невиден партиски експерт“), Ирина Јолдеска активен член на СДСМ (ФТУ-Охрид), Христина Спасевска -ФЕИТ-Скопје, Беким Фетаји-ЈИЕ-Тетово, Ибиш Кадриу -УТ-Тетово.
Од Одбор за евалуација (ОЕ) за високо образование им престанува мандатот на членовите, професорите: Цвете Димитриевска, Марина Митревска-СДСМ ( именованата во повеќе наврати беше член на Одборот за акредитација, па по интервенција на челниците на СДСМ, поконкретно на Оливер Спасовски е именувана за претседател на Одборот за евалуација), Јасмина Делчева Диздаревиќ-СДСМ, Јетмира Јакупи-ДУИ (сега е распоредена како член во Одборот за акредитација), Метуш Сулејмани и Иван Радевски.
Корупција во одборот за акредитација
Неколку години сведоци сме на леснотијата со која Одборот за акредитација на високото образование во предходниот состав донесува решенија за акредитација на студиски програми. Дали се работи за непознавање на материјата не верувам. Единствено што ме прави да се сомневам тоа е влезот на криминалот и корупцијата во ова тело одамна, но сега се унапредува и усовршува. Затоа ја прашувам поранешната советничка за образование на поранешниот премиер Зоран Заев, и до „вчера“ претседател на Одборот за акредитација на високото образование ( сега член на Одборот за евалуација), што прави, зошто дозволува на секоја “тобако” продавница да и се издаде решение за спроведување на одредена студиска програма?
Со СДСМ и ДУИ на власт, образованието воопшто падна на најниски гранки и секоја таква продавница може да продава дипломи според желбата на купувачот. Многу сум разочаран кога тоа го остваруваат професори, доктори на науки и притоа оставаат траги за својата работа со која после промената на власта истите, не само што треба да бидат променети, туку и да сносат одговорност. Криминал каков што нема ни во Зимбабве.
На потег е новата Влада, на чело со новиот мандатар Христијан Мицкоски!!!
Техничкиот премиер Таљат и техничкиот министер Јетон, „слуги“ на Мерко
Деновиве образовна актуелност низ медиумите и порталите беше дека Меѓународниот универзитет Струга (МУС) во Струга (универзитет на Мерко и на неговиот син), добил лиценца за отворање на Факултет за здравствени науки (ФЗН) на МУС-Струга.
Во решението за почеток со работа на ФЗН на МУС-Струга, било наведено дека на трети(3) јуни од Универзитетот испратиле барање до МОН за утврдување на исполнетоста на условите за работа. На 7-ми јуни, откако АКВО, донело решение за акредитација на Проектот за основање на Факултет (ФЗН) на МУС-Струга, истиот ден МОН (читајте Јетон Шаќири) формира комисија (зошто се кријат лицата на МОН) извршила увид во МУС-Струга, и на 11 јуни донела решение дека Факултетот за здравствени науки ги ислонува условите за работа?? И веднаш Јетон Шаќири, за својот матичен универзитет (На Мерко) го потпишува Решението за почеток за работа??? Невиден образовен криминал и корупција!!!
На овие образовни криминални игри на МОН (Јетон Шаќири) и неговата образовна криминална (свесна) хаотичност, со реакција во јавноста се јавува Одборот за акредитација (ОА) (не се знае кој??) тие објаснуваат дека: „ Одлука за давање одобрение за основање на ФЗН на МУС-Струга, е донесена од Владата (м.з. техничката влада кој ја води ТАЉАТ) на седница одржана на 9 април (м.з. смислено предизборно) во Службен весник на РМ,бр.86 од 15.04.2024година. Во реакцијата на ОА понатака стои: „ На ФЗН на МУС-Струга, нема да се запише ниту еден студент и нема да се студира се додека не се исполнат законските услови за акредитација на студиската програма кои согласно ЗВО се суштински дел за една високообразовна институција да започне со работа. Понатака стои во реакцијата:„ Првата поднесена Студиска програма за здравствена нега (медицинска сестра/медицински техничар/ од ФЗН на МУС-Струга, на седница на Одборот за акредитација на високото образование (ОА), на 6.06.2024 година, е Одбиена, односно е донесена Одлука со која не се акредитира студиската програма на медицински сестри/ медицински техничари од ФЗН на МУС-Струга, бидејќи не ги исполнува законските услови.
Според ЗВО и подзаконските акти на Националниот совет за високо образование ( нејзин претседател е проф.д-р Гордана Лажетиќ од Правниот факултет-Скопје при УКИМ) по Одлуката на Владата на РСМ за давање на одобрение за основање на ФЗН на МУС-Струга и поднесениот Проект за основање на ФЗН на МУС-Струга, Одборот за акредитација на високото образование, беше обврзан да формира стручна експертска комисија за медицински науки (комисија од тројца универзитетски професори од кои двајца од Медицинскиот факултет-Скопје при УКИМ, и еден редовен професор од Медицинскиот факултет ДУТ-Тетово (моја забелешка: кои се тие професори експерти?) за оценка на писмениот Проект, за што поднесе два ИЗВЕШТАИ (м.з.зошто два Извештаи, претпоставувам, сакам да „грешам“ еден извештај на експертите професори од Медицинскиот факултет-Скопје УКИМ, и друг од професор експерт на Медицински факултет УТ-Тетово??) , според кои се спроведе постапката на Одборот за акредитација.
Условите се наведува во реакцијата на ОАВО, за почеток со работа на ФЗН на МУС-Струга, согласно ЗВО ги цени исклучиво МОН и формираната Комисија од страна на МОН.
Моја забелешка: Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ја формира комисијата за исполнување на условите за формирање на Факултет за здравствени науки и донесува Решение за избраната негова комисија. Прашање е кои се во комисијата, сигурно од Секторот за високото образование на МОН. На мое барање, која е комисијата? Вработени од МОН ми одговорија „не смееме да Ви кажеме“,„ ќе бидеме избркани од работа“… Каква ДИКТАТУРА!!! Ова мора да го испита НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА!!!
Во својата реакција на ОАВО истакнуваат:„ ФЗН на МУС-Струга, нема да запишува студенти, зошто ФЗН на МУС-Струга за да почне со работа, потребно е даги акредитира поединечно студиските програми за прв циклус на стручни студии за општа медицинска сестра и Студии за здравствена нега, согласно ЗВО. Како и Одборот за акредитација на високото образование, не ги акредитираше и сите останати Елаборати за студиски програми од други области на Факултетот на МУС-Струга, поднесени во 2024 година, односно беа одбиени за акредитација на високото образование.
Ова е само дел од ваквите горенаведени образовни институционални незаконитости на образованието, поконкретно во високото образование во Република Македонија, затоа час поскоро треба по институционален пат да се преиспитаат ( некои и да се затворат) сите високообразовни институции (Јавни и приватни), акредитации, наставен кадар услови и слично. Мора да се сноси одговорност, како во МОН, Агенцијата за квалитет на високото образование, Националниот совет за високо образование и други институции. На потег се институциите ОЈО, ДКСК, како и новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалционите партнери.
Ред е да се стави крај на образовниот криминал и корупција!
Новиот министер за образование и наука е на потег!!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес