Дали Ковачевски навести дека Алијанса на Таравари си заминува од коалицијата?

Се уште важи понудата на СДСМ сите политички партии, невладини и други организации, како и поединци кои ја делат визијата за европска Македонија да ни се приклучат на изборите на 24 април и 8 мај, изјави денеска поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Тој потврди дека со Арбен Таравари се сретнал, но со Зијадин Села, како што нагласи, нема разговарано, само се виделе во Парламентот.

Земјава има изградено демократско општество во кое секоја политичка партија и поединец може слободно да ги носи своите одлуки – рече Ковачевски на прашањето што ако Алијанса отиде во опозиција.

Ковачевски истакна дека местото на политичките партии е во коалиции со кои делат исти вредности.

Дали оваа изјава навестува дека Алијанса за Албанците веќе нема да биде дел од коалицијата на СДСМ.Ова следува откако вчера лидерот Таравари рече дека ќе предложи партијата да влезе во коалиција со албанската опозиција, додека пак министерот за правда Кренар Лога и поранешниот претседател на партијата Зијадин Села се за самостоен настап на изборите.