Кучињата секогаш ја вршат својата нужда со телата свртени на одредена релација според земјините магнетни полиња. Колку и да е чудно сево ова, неодамнешно научно истражување докажало дека кучињата се осетливи на мали варијации на земјиното магнетно поле кои што влијаат кога ти одат во ВЦ.
По проучувањето на на кучињата за време од неколку години, тим на научници од Европа приметиле дека кучињата сакат да си ја вршат нуждата со нивните тела свртени во правец Север-Југ под услови на мирно магнетно поле. Како и да е, кучињата немаат потреба да се „подесат“ доколку магнетните полиња се нарушени.
Во истражувањето објавено во „Frontiers of Zoology“, научници од чешкиот Универзитет за Животни Науки и Универзитетот во Дуисбург-Есен пишале:
Ние ја измеривме насоката на телото на околу 70 кучиња од 37 вида за време на вршење на нивната нужда (1,839 обсервации) и уринации (5,582 обсервации) за период од две години. По собирањето на податоците ги подредивме според преовладувачките геомагнетни услови за време на нивното „олеснување“.
Според нивното истражување, научниците заклучиле дека навиките на нужда на кучињата се предвидливи во зависност од флуктуациите на магнетните полиња. Тие не биле сигурни зошто кучињата се подредуваат во овој правец и дали тоа го прават свесно или несвесно.
Со ова откритие кај кучињата, научниците велат дека се отвара нови хоризонти во магнетобиолошкото истражување.