
Тадеј, кој својата љубов кон фудбалот ја има наследено од својот татко, Живко Здравковски (поранешен фудбалер на Вардар и Работнички и бивш фудбалски судија), иако има само 8 години, редовно ја следи и бодри македонската репрезентација.
Заедно со татко му, често пати успеваат да направат и по некоја фотографија со славните европски фудбалери и фудбалски работници, како спомен од нивните гостувања во Скопје.
Токму такви фотографии малиот Тадеј има и од последното гостување на шпанската фудбалска репрезентација, при што успеал да се фотографира со славниот шпански голамн, Икер Касиљас, селекторот на Шпанија, Винсенте Дел Боске, како и со претседателот на шпанската фудбалска федерација, Анхел Мариа Виљар.



Со оглед на фактот дека македонската репрезентација во квалификациите за Светското првенство е во група со Италија, можеби некоја од следните фотографии на Тадеј ќе биде со Џиџи Буфон, Даниеле Де Роси или пак со селекторот Антонио Конте…