Дали мозокот на операцијата „Рекет“ е сместен во зградата на Илинденска?!

Главниот сведок во аферата “Рекет” пријавил кај Зоран Заев, а сведочењето на сега осудениот “Кичеец” е дека Бојан Јовановски бил предупреден од човек во владата за тоа дека е пријавен.
Ова сведочење е релевантно особено што осудениот Милевски сам ја призна вината.

Вистинското прашање е дали Зоран Заев е човекот кој му се јавил на Бојан Јовановски за да му пренесе дека е пријавен за рекет, и доколку тоа е така, тогаш кога ќе има кривична одговорност за првиот човек на владата – Заев.

Дали ова не докажува дека мозокот на операцијата “Рекет” е сместен токму во зградата на Илинденска?!?

Навреда на интелегенцијата на народот е да се тврди дека само тројца стојат позади рекет вреден најмалку 8 милиони евра!

Силата на Бојан Јовановски за “Рекет” доаѓа од власта. Кога би имале правна држава, како што немаме, одамна веќе Рускоска ќе беше пред вратата на Заев со отворена истрага. Освен ако Луј Витон не е нејзиниот омилен бренд на ташна како и на многумина од власта, напиша на Фејсбук, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.