Како што е веќе познато, во Каталонија на пролет ќе се гласа за целосна независност на оваа покраина од Шпанија, по што веќе стигнаа и гласни закани дека доколку Каталонија се отцепи, тоа ќе значи и губење на правото на Барселона за учество во Примера дивизион.
Сепак, Валс верува дека тој може да ја реши оваа ситуација внесувајќи ја Барса во францускиот шампионат.
Сите знаат дека сум голем фудбалски вљубеник, но и фан на Барселона. Ако Шпанците не ја сакаат Барса, тогаш ние ќе дадеме можност таа да се натпреварува во Франција. Кога може Монако да игра во нашата лига, не гледам зошто истото не би било случај и со Барселона, изјави Валс.