ФОТО| Дали ова е лицето што го возело Палчо во Турција?!

Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишник од Скопје под сомнение дека извршил – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Набрзо на социјалните мрежи, граѓаните го идентификуваат човекот како скопјанец кој живее во Струмица, за кој министерот Оливер Спасовски на вечерашната прес конференција детално информираше за патеката по која бил транспортиран Љупчо Палевски Палчо до Турција каде што доцна вечерта во вторникот беше уапсен по меѓународна потерница што ја рспиша македонското МВР. Притоа корисниците на Facebook, на профилот на извесен Стефан Димковски, на кој се инаку објавени бројни фотограафии со Палевски – Палчо, оставаа жестоко критички коментари.

-Основаното сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност, Сектор за меѓународна полициска соработка доставено до СВР Скопје во кое е наведено дека лице осомничено дека сторило кривично дело, по кое сега е распишана меѓународна потерница, на 02.12.2023 година било регистрирано на граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција).

И двете регистрации се со возило марка „ленд ровер“, управувано од осомничениот. Лицето е лишено од слобода и со него полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка извршија информативен разговор, информираат од Обвинителството.

Во конкретниот случај, постојат околности кои го оправдуваат стравот за опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, со оглед на околностите за видот и карактерот на делото, запретената казна и последиците од истото.

Според министерот Спасовски, Палевски бил возен во Белград со „шкода суберб“ и оставен во хотел, а  потоа со „ленд ровер“ преку Бугарија е пренесен во Турција во градот Баликешир.