Дали партиска фирма изведувач, блиска до врвот на СДС е причина за молкот на Ковачевски и Костадиновска околу пожарот во Универзална?

24 часа молк од СДС која е фирмата која е ангажирана за извршување на градежни активности на Универзална сала, и дали таа е блиска си врвот на нивната партија?

Ковачевски и Бисера Костадиновска молчат и за тоа какви материјали се вградувани. Дали е градено според стандарди или како и се до сега со СДС што им се видело поевтино за да имаат простор за големи маржи за нечии џебови?

Власта молчи и за надзорот и дали тој го одобрил сето тоа што до сега било направено.

Многу прашања, малку одговори. СДС молчат, затоа што заради нивната неспособност и криминал изгоре Универзална сала.

Наскоро на ваквите катастрофи им доаѓа крај. Народот бара промени. Промените се во рацете на граѓаните. Македонија повторно ќе биде горда, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.