Дали поради случувањата на Блискиот Исток ќе скокне цената на горивата?

-Што ќе се случува со цените на бензините  појасна слика ќе имаме следната недела, вели првиот регулатор Бислимовски.  Ситуацијата на Блискиот Исток ја поскапе нафтата на светките берзи. Утре ќе се носат нови одлуки за цените на горивата , но Бислимовски не очекува овој понеделник да има сериозно поскапување.  А дали тоа би се случило понатаму, ќе зависи од тоа каква ќе биде  состојбата со Израел и Иран во следните неколку дена, изјави тој за Телма ТВ.

 -Очекувам, ако оваа ескалација се зголеми, суровата нафта да отиде и над 100 долари но тоа се случувања на кои никој не може да  влијае. Не верувам дека ќе има драматични промени големи.

Но, клучна ќе биде следната недела, имајќи предвид дека и во Русија се погодени неколку рафинерии кои произведуваат дизел кои имаат 8 до 9 проценти во вкупната  потрошувачката во Европа. Идната недела ќе биде клучна за тоа во која насока ќе се движат цените на нафтените деривати.

Познавачите на оваа проблематика  предупредуваат дека пред нас е нов ценовен шок ако продолжи овој раст.

-Aко остане оваа цена подолго време како што е 90 долари за барел и ако  има некој прогнози дека може да оди и до 100 долари за барел, тоа би можело да предизвика нови инфлаторни притисоци но тоа глобално, вели Бојан Цветковски- претседател на Здружението на финансиски пазари, АЦИ Македонија.

Од почетокот на годинава досега, цената на нафтата е зголемена за околу 10 отсто. Паралелно расте и доларот. Надлежните во земјава  велат дека ова се состојби ан кои не може да се делува освен да се следат.