Во неделата Министерството за задравство информираше дека изминатата ноќ била добиена информација од Медициснкиот центар Охрид дека кај нив на детското одделение без знаци на живот е донесено двегодишни девојченце, но информациите до коишто доаѓаат медиумите отвораат простор за сторени пропусти
Министерството за внатрешни работи информираше за трагичниот настан во редовниот дневен билтен, но без никакви подиности за првичните сознанија за причините поради кои настапила смртта, освен дека по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Информациите до кои дошол порталот Курир.мк, сепак, отвораат сомнеж за сериозни пропусти во здравствениот систем. Како што се дознава, девојчето првпат било примено за медицинска помош пред два дена, односно на 25 август. Според сознанијата, му била препишана терапија и било пуштено дома, а следната контрола му ја закажале за три дена.
Состојбата нагло се влошила во саботата, ден по прегледот. Родителите околу 16 часот го донеле детенцето во охридската болница, медицинскиот персонал му дал инфузија и откако му се подобрила состојбата, повторно го пуштиле на домашно лекување.
Истата вечер се случила трагедијата. Детето повторно е однесено во болницата од каде беше испуштено, но овојпат со влошена состојба и практично без знаци на живот. Медицинскиот персонал се обидел да го реанимира, но безуспешно.
Македонската јавност е потресена од смртта на малото дете, како и од смртта на четирите новороденчиња од скопска клиника за гинекологија и акушесрство. Опозицијата и граѓаните, поради тоа, од премиерот Зоран Заев, од министерот за здравство Арбен Таравари и новите директори поставени од нив по партиска и пријателска линија, бара да понесат одговорност за смртта на овие деца.