Според порталот, транскриптот и аудио формата се објавени без никакви промени, онака како што е доставен од свиркачи.
Во разговорот има потврда за неколку прекршување на законот, расистички испади но и дискриминација на цели европски нации од страна на генералниот секретар на Владата, Драги Рашкоски.
Рашкоски според законот нема никакви ингеренции да зборува или да одлучува за тендери на Акционерското друштво М НАВ.
Другиот член на групата е близок роднина на министерка во владата на Заев.
Иако датумот за тендерот изминал за 3 дена и соговорниците го истакнуваат тоа во разговорот тие свесни дека го кршат законот сепак проектот го доделуваат на италијанската фирма.
По ова реагираше и самиот Рашковски која во целост можете да ја прочитате ТУКА.
Но, она што е спорно е тоа што сепак Рашкоски договарал тендер бидејќи во реакцијата вели „на состанокот НЕ СЕ ДОГОВАРА НИКАКОВ ТЕНДЕР“, додека во откриениот скандал јасно се зборува дека „Леонардо добива или би требало да биде избрана со одлука“ и исто така „Леонардо е победничка компанија која ќе победи на тендерот и некако ние сме заглавени во процедурата“, што е јасен доказ и побивање на реакцијата на Рашковски.