Дали РЕК Битола е во колапс?!

„Дали Рек Битола е во КОЛАПС? Дали е потребна принудна управа за спас на Рек Битола?“, прашува Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

„Аматеризам, незнаење или лоша санација се причини за испад на Блок 1 во РЕК Битола. На котелската постројка денес повторно пукнати цевки по ЦЕЛИ ПЕТ ДЕНА работа!“, истакнуваат од Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа од Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ ги поствауваат прашањата: Колку нè чини секој испад, поради нестручноста при санацијата, поради неработењето на аматерскиот менаџерски тим во РЕК Битола, ако знаеме дека во последните 20 дена имало 6 вклучувања, а едно вклучување чини околу 500 000 евра ? А да не зборуваме за увозот на скапа електрична енергија ?

„Она на што предупредувавме повеќе пати, се случи токму деновиве. РЕК Битола е во тотален колапс. Денеска не се во функција два од трите блокови на рударско енергетскиот комбинат, иако помпезно се најавуваше дека од 1 јанури ќе се во функција трите блока. Бидејќи повеќе од 80% од вкупното производство на електрична енергија во земјава доаѓа од овој комбинат, повеќе од јасно е дека по најновата хаварија ќе мора да се изврши интервентен увоз на скапа струја, а цехот на крајот го плаќаме, ние граѓаните. Како честитка за Нова Година од Владата од 1-ви јануари имаме двојно покачена електрична енергија во евтината тарифа! Дека состојбата е премногу сериозна доказ е тоа што надвор од функција е и ТЕЦ Осломеј, поради лошо ремонтирање и одржување, а хидро потенцијалот е речиси на минимум.
Ако постојано има хаварии на еден блок, на два блока, а можно и трите блокови заедно, знаејки дека Блок 2 подолго време има технички проблем кој не се поправа, а и две години не е направен посериозен ремонт, тогаш за што се дадени неколку стотици милиони евра што власта ги правдаше дека се за ремонтирање и стабилно производство на блоковите на РЕК?
Нели ќе се подобреше функционирањето на РЕК Битола со стабилно производство со ТРИ Блока? Нели сите производствени капацитети беа во погонска спремност?
Напротив, испадите и дефектите зачестија, не може да помине недела без испад на некој производствен капацитет! Раководството на Електрани на Македонија и РЕК Битола мора да понесат одговорност“, велат од Комисијата и додаваат:

„Во интерес на навремено информирање, бараме Владата во заминување веднаш да им соопшти на граѓаните дали ќе ги остави без струја! Дали има сериозен ризик домаќинствата да останат без струја, затоа што е драстично намалено домашното производство?
Граѓаните имаат право да знаат кој е виновен што Македонија е речиси без домашно производство на електрична енергија и колку ќе чини увозот“.