Предизборната кампања и програмата на СДСМ целосно украдени од српската партија Двери, анализира Сител. Опозициската клоалиција настапува под слоганот „За подобар живот во Македонија“, соодветен на слоганот со кој настапила и радикално десничарската партија Двери во Србија на претходните избори „За живот Србије“.
Освен слоганот, СДСМ ја користи и иконографијата на оваа радикална партија, па на овие избори наместо си традиционалните бои сина и жолта, настапува со црвена и бела, идентично со Двери.
Покрај слоганот, боите и цели делови од програмата на ДВЕРИ од Србија кои се комплетно ископирани од СДСМ, и таблите кои додека говори Заев ги дигаат младинците на опозицијата се „позајмени“ од кампањата на српската националистичка партија.
Двери важи за екстремно десничарска партија во која членуваат најрадикалните српски националисти. На минатите избори во Србија партијата клоалицираше со ДС и заедно освоија 5,04% од гласовите и едвај го поминаа цензусот за влез во Собранието. Пред минатите избори, останатите десничарски партии ги обвинија Двери дека примиле пари од СОРОС за да се борат против владата на Српската Напредна Партија и Александар Вучиќ.
ВМРО-ДПМНЕ: Безидејниот Заев го уркаде главното мото на неговиот памфлет
Овие избори, безидејниот Заев, отиде и чекор понатаму крадејќи го главното мото на неговиот памфлет од мотото на српското ултрадесничарско движење Двери. Тоа е главната инспирација на Зоран Заев за враќање на животот. Ултрадесничарското движење Двери на минатите избори излезе со централното мото „Да го вратиме животот во свои раце“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Српските ултрадесничари излегоа со ветување за реформа во изборниот законик. Исто како Заев.
Српските ултрадесничари најавија преиспитување на функцинирањето на новите правосудни професии како нотари и извршители. Исто како Заев. Српските ултрадесничари најавија зголемување на даноците. Исто како што најави и Заев. Истите флоскули кои ги користат Двери ги користи и СДСМ. „Нема живот без слобода“, „Да ја вратиме државата на народот“, „Мора да се исполни правдата во Србија“ се дел од слоганите што ги слушаме од Заев низ Македонија, а што претходно ги слушаа и граѓаните во Србија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Единствените интервенции во однос на понудата на ултрадесната Двери се чини дека е онаму каде што Заев проценил дека може да добие некој глас повеќе. Двери се залагаат за забрана на промоција на хомосексуалноста на малолетни лица и за борба против антисемејната идеологија. Оваа тема е сосема изоставена во памфлетот на СДСМ со оглед на кокетирањето на партијата со ЛГБТ популацијата.