Сепак, топ вест помеѓу фановите на „црвените ѓаволи“ е фотографијата која ја објави летното засилување на Јунајтед, Мемфис Депај а на која младиот офанзивец разговара со Ромелу Лукаку.
Веднаш под сликата осамна и многу двосмислена порака „Јас и Ромелу Лукаку додека водиме разговор. Се гледаме наскоро“.
Дали токму белгискиот напаѓач е засилувањето кое го најави Ван Гал, ќе покаже периодот што следува.
Корпулентниот стрелец е под договор со Евертон, кој пак на Челзи му исплати 30 милиони фунти за услугите на Лукаку.