Дали смената на членот Литовски од историската комисија е нарачка од Софија?!

Веднаш по тајната и нетранспарентна смена на членот од Историската комисија Александар Литовски, премиерот даде изјава за медиум дека нема да има преговори и разговори со Бугарија за идентитетот и јазикот. Ова се случува токму во период кога овие денови ќе има подготвителна седница на Комисијата за историски и образовни прашања, на која што како што изјави вчера Заев ќе се подготвува заеднички од нашата македонска страна и од бугарската страна, подготовка на седницата која што треба да се одржи во февруари.

„Верувам дека од таа подготвителна седница ќе имаме некој исчекор, а секако и во февруари очекуваме да има исчекор. Комуникацијата меѓу двајцата министри за надворешни работи продолжува, работните групи, ако има какви било идеи дополнително верувам ќе се изнајдат решенија односно ќе се соопштат на јавноста ќе може да се дискутираа но, дефинитивно фокусот во овие неколку месеци останува на Акцискиот план“, рече Заев.

Ако се земат предвид и изјавите на бугарското министерство за надворешни работикои ги има дадено за Радио Слободна Европа, во смисла дека во македонската комисија има луѓе кои не треба да бидат таму, аналогно на тоа се доаѓа до заклучок дека можеби промената на Литовски доаѓа токму по нарачка на Бугарија.

„Во составот на комисијата од страна на Република Северна Македонија се вклучуваат членови кои не се хабилитирани лица, луѓе кои ја докажале својата способност во рамки на универзитет, а дури и не се историчари“, велат од бугарската дипломатија.

Сето ова створи сомнеж и затоа за опозиционата ВМРО-ДПМНЕ нетранпарентното менување на членот Литовски е обид за притисок и замолкнување на Комисијата за историски прашања.

„Со отстранување на членот на комисијата,Заев сака да ја претвори оваа историска комисија како и секоја друга институција во државата каде има свои послушници. Наместо да се штити професионализмот и националните интереси, премиерот предавник на својот народ и држава сега повторно ќе ја менува историската стварност во полза на Бугарија, за да си ги задоволи своите сметки и бизниси“, реагираше на прес конференција ВМРО-ДПМНЕ.

Според најголемата опозициска партија, содржината на Анексот за кој молчи Владата и Заев е нова капитулација за Македонија и одрекување од идентитетските обележја и историски вистини.