Дали со денешниот настап на Арсовска, таа треба да продолжи да ја извршува функцијата градоначалник?

Една година од локалните избори и мандатот на новата градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, се поставува прашањето дали Скопје навистина има градоначалник. Како што се бараат резултати од сработеното, така расте нервозата кај градоначалничката.

Деновиве наместо отчет и пофалби за сработени проекти, гледаме пресметливност и хаотично однесување. Од една страна можеби и логично е таквото однесување кога се нема пред граѓаните што да се претстави, но другата страна кажува дека скопјани очекуваа подобар град, бројни проекти, модерно Скопје, а не градоначалник спремен кој ќе се пресметува пред камери, и тоа само кога и’ одговара.

Бидејќи за други ќе звучи неверојатно, но за македонските медиуми и јавноста не, а тоа е фактот дека Град Скопје и Арсовска немаат портпарол односно лице задолжено за односи со јавност.

Целосна недостапност за медиумите и јавноста. Дури и тие малку појавувања во јавност завршуваа со бегање од одговори на новинарски прашања. А, и зошто да не бега градоначалничката кога ќе треба да каже каков проект сработила.

Бегањата не се само од медиумите и јавноста туку, уште поневеројатно Арсовска бега и од Советот на Градот и прашањата на советниците. Буквално никој неможе да ја праша или добие информација, а камо ли одговор. А, каков одговор се бара. На пример до каде е најголемиот ветуван проект во кампањата, односно бесплатниот јавен превоз во Скопје, до каде се новите паркинзи, новите улици, булевари, мостови, а до каде е и алтернативниот превоз. Еко градот остана на хартија, Скопје се гуши во нечистотија и ѓубре повеќе од времето на нејзиниот претходник, нешто што не доликува на главен град. А покрај тоа гледаме запрени проекти кои никој, а ниту таа не знаат кога ќе продолжат како што е Универзалната сала.

Една година целосна незаинтересираност, а требаше да биде година во која ќе се работеше под полна пареа.

Но, затоа за таа година има запрено над 40 јавни постапки за проекти важни за ско