Дали покрај Весна Дамева која минатата недела беше избрана за претседател на Судскиот совет и нејзиниот сопруг Младен има тесни врски со СДСМ? На социјалните мрежи се појавија објави на Младен Дамев од 2015 година со недолична содржина, објави порталот Република.
Тогаш Дамев повикуваше на улица и го навредуваше поранешниот премиер Никола Груевски.
Делев во бизнис круговите е познат како еден од директорите на „Скопски пазар“. Во основниот Кривичен суд се води процес за „Скопски пазар“.
Затоа прашуваме дали Дамев е учесник во овој процес и дали можеби има активни кривични пријави против сопругот на новата претседателка на Судскиот совет? Ќе даде ли одговор Јавното обвинителство дали има поднесени и евентуално прифатени кривични пријави против Дамев?!
Дали можеби Дамева како прв човек на телото кое именува и разрешува судии може да влијае во процесот кој се води за фирмата каде што работи нејзиниот сопруг?
Ако Дамева не можеше да избега од фактот дека е поранешен член на СДСМ и од фотографијата со поранешниот премиер Заев, прашуваме дали и нејзниот сопруг е член на владејачката партија?
Очекуваме одговор и од семејството Дамеви.
извор: republika.mk