2.8 C
Skopje
вторник, декември 3, 2024

Дали Струмица го приватизира собирањето смет?

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил денеска сподели статус во кои прашува дали Струмица го приватизира собирањето смет?

-ДАЛИ СТРУМИЦА ГО ПРИВАТИЗИРА СОБИРАЊЕТО СМЕТ?

1,173,562 евра е износот кој комуналното претпријатие од Струмица ќе го исплаќа на компанијата Дасмак за извршување услуги за подигање на смет.
Замислете, претпријатието на кое една од основните дејности му е „собирање, транспортирање и депонирање на комуналниот цврст отпад и одржување на Јавната чистота“, за период од 12 месеци дава таа дејност, на сметка на граѓаните, да ја врши друго правно лице.
Со оглед на тоа што ЈПКД Комуналец од Струмица има 6 возила и пред секои избори вработува по нови 100тина лица, прашањето е што всушност ќе работи компанијата Дасмак во Општина Струмица?
Ако ова е јавна и универзална услуга која јавните претпријатија ја вршат како што е пропишано во Законот за управување со отпадот, зошто не се спроведе постапка за Јавно приватно партнерство, туку се распиша обичен тендер?
Дали за отстапувањето на оваа услуга на друго правно лице се запознати Советот на Општина Струмица, Управниот одбор на ЈПКД Комуналец од Струмица и други инволвирани страни?
Затоа што доколку не се и доколку никој од нив не дал „АМИН“ за ваков скандалозен тендер, тогаш некој сериозно треба да одговара пред надлежните органи!
Ги повикуваме институциите да го разгледат овој случај и доколку има незаконитост во работата на Јавното претпријатие, доколку има недоследност во испорачување на јавните услуги и доколку се докаже дека надлежностите на ЈП не се вршат согласно закон, раководните лица во претпријатието да сносат соодветна одговорност!, стои во нивниот пост на Фејсбук.