Експертите се против владината одлука школската година да почне на 1ви февруари со физичко присуство. На дебата, организирана од првата детска амбасада „Меѓаши“, лекарите предлагаат барем во следните две недели наставата да се одвива онлајн, бидејќи како што велат, може да има уште поголем раст на бројот на заразени со ковид.
Според експертите и понатаму децата треба носат маски во училниците. Велат, сите светски истражувања покажувале дека маската не влијае врз здравјето на децата.
Учесниците во дебатата, заклучуваат дека е добро да се тестираат децата во училиштата како што повеќе држави имале таква пракса. Доколку државата не може да обезбеди доволно тестови, велат дека е добро во училиштата да има тестирање за децата кои ќе ќе пројават симптоми типични за коронавирусот.