Дали Туск ја истура сопствената болка кон светот?

За време на претседателската кампања на Полска во 2005 година, Доналд Туск беше принуден да ги објасни наводите дека неговиот дедо работел во германскиот Вермахт. Овие информации беа нови за пошироката јавност во Полска. Очигледно, Туск сметаше дека е небитно да се откриваат или објаснат овие информации сè додека не бидат ископани од страна на новинарите. Потоа, тој се обиде да тврди дека неговиот дедо не се пријавил доброволно да служи во Вермахтот.

Општата јавност во Полска беше длабоко загрижена кога се дозна дека некој од семејството на претседателот Доналд Туск служел во германската армија за време на Втората светска војна, пишува Агенцијата V4NA.

Туск се бранеше велејќи дека, и тој исто така, штотуку дознал за тоа, додавајќи сепак дека: „Немам што да жалам, тоа е биографија на моето семејство. Како историчар и како човек, претпочитам да ја знам болната вистина над пријатна лага “.

Во 2005 година, за време на предизборната кампања за претседателски избори во Полска, печатот објави неколку фотографии на кои се тврди дека е дедото на Доналд Туск, Јозеф Туск.

Сепак, тој не е првиот официјален претставник на ЕУ чиј татко или дедо се откри дека му служеле на нацистичкиот режим. На пример, Мартин Селмајр, поранешниот генерален секретар на ЕК, откри дека неговиот дедо бил осуден на доживотен затвор како воен злосторник по Втората светска војна. Неговиот друг дедо исто така бил началник на штабот во војската на Хитлер.