Дали вашиот хороскопски знак е оптимист или песимист?

Овенот си го попречува патот низ сите непријатни ситуации, оптимизмот на Бикот се темели врз верата во своите способности, а на Лавот ретко кој може да му го наруши оптимизмот..

Дали сте песимист или оптимист според хороскопскиот знак?

Овен

Вие сами си го попречувате патот низ непријатните ситуации кои ви ги носи животот, а при тоа воопшто не се вознемирувате дека може да бидете истуркани или отфрлени. Сето тоа е дел од животот си велите себеси и продолжувате понатаму. Во моментите кога ви е намален оптимизмот добро е да изброите до 10 , за да застанете и да го послушате внатрешниот глас, а тој ќе ви каже дека сте некој кој е вреден за почит и тоа ќе ве врати во колосек. Вашето мото е: Утре е нов ден!

Бик

Вашиот оптимизам се заснова на силата на вашата добра волја и вербата во сопствените способности, таленти и знаење. Поседувате моќ да го маѓепсате спротивниот пол, поради што и самодовербата ви е на високо ниво. Вашата посесивна природа може да биде камен кој ќе ве сопне во однос на љубовта, семејството или пријателските односи, па дури и работните. Ако почувствувате дека некој сака да ви одземе нешто, почнувате да се сомневате во себе. Во таквите моменти утеха за себе може да најдете во прошетка низ природа или во некој креативен амбиент.

Близнаци

Сè додека околу себе можете да видите различни можности за да се занимавате со некоја работа која ја сакате или врска со некој кој ви се допаѓа, нема причини за песимизам. Вашиот оптимизам се заснова на промени, бидејќи ве плаши досадата, а самотијата никако не ви одговара. Интелигентни сте и снаодливи, прилагодливи и духовити, па во секоја ситуација успевате да најдете своја светла страна. Вашиот оптимизам извира од вашата љубопитна природа. Постојаното трагање по нови идеали и потребата за дружење со другите луѓе.

Рак

Сите мислат дека сте премногу грижливи, а всушност сè околу себе длабоко преживувате, па речиси е неизбежно да се грижите околу реални или нереални навреди. Тоа можете да го надминете доколку успеете да воспоставите малку поинаков однос кон својата околина. Престанете да се грижите околу тоа што мислат другите за вас. Иако вам ви е важно мислењето на блиските, сепак треба да бидете искрени кон себе и да сфатите дека не можат сите да ги прифатат вашите погледи на светот.

Лав

Ретко што може да го загрози вашиот оптимизам бидејќи уживате во животот сфаќајќи дека се состои и од позитивни и од негативни искуства. Освен тоа, длабоко се почитувате себе. Сепак имате и вие свои слаби точки, а тоа најчесто се љубовта или децата. Меѓутоа, дури и во лошите ситуации успевате да го извлечете најдоброто. Кога ќе почувствувате дека ве обзема песимизам, сетете се дека целиот свет е една голема сцена, на која судбината вам ви ја доделила главната улога. Штом излезете да прошетате или во шопинг, повторно се враќа во вас оптимистичниот Лав.

Девица

Поради вродениот перфекционизам и критицизам често имате проблем за светот околу вас да го гледате од поведрата страна. Чашата попрво ќе ја видите како полупразна, отколку како полуполна. Не можете да одите против својата природа која секогаш бара влакно во јајцето. Дури и самите понекогаш сте изморени од темните облаци зад кои не можете никако да видите сонце. Сепак, ако еднаш се потрудите да ја побарате посветлата страна ќе сфатите колку подобро ќе се чувствувате и физички и психички. Тогаш до израз доаѓа вашата исклучителна смисла за хумор со која ја освојувате околината.

Вага

Во вас се менуваат сјајниот оптимизам и нерасположението. За среќа, мрачните периоди се секогаш пократки од ведрите, иако понекогаш може да ве извадат од колосек, да предизвикаат кавга. Доколку сте нерасположени обидете се да ги одложите обврските барем на некое време за да не ви го уништат дополнително расположението. Доброто расположение искористете го за работа и она што бара истрајност. Не барајте утеха во слатките, туку потсетете се на она што досега сте го постигнале, испразнете се со вежби или одете на прошетка со некој кој сакате.

Скорпија

Горчливите и непријатни моменти во животот едноставно не умеете да го гледате од друга перспектива од онаа реалната. Исто така, поседувате доволно сила и одлучност самите да се извлечете од песимистичкото расположение. Кога ќе почувствувате дека ве обзема црнилото сконцентрирајте се на љубовта, работата која ве исполнува и пријателите кои ги имате во изобилие. Оној кој страствено сака, како што тоа го знае вашиот знак, многу лесно ќе најде утеха во емотивниот стил на живот.

Стрелец

За вас може да се каже дека го измисливте оптимизмот. Тој е една од главните карактеристики на вашиот знак. Сепак, животните удари може да ви нанесат големо нерасположение и турбулентни периоди. Најсигурен начин повторно да се здобиете со самодоверба и да го вратите оптимизмот е да се спротивставите на она што не ви се допаѓа. Ништо не може да ве расположи подобро од убедувањето дека човечката слабост е моментална.

Јарец

Доколку сакате да уживате во животот, мора да се сконцентрирате на неговата ведра страна, што и самите го знаете. Заради тоа, претставниците на вашиот знак се задоволни личности, со дух многу помлад од своите врсници. Иако вашиот вроден реализам никогаш не ве напушта, можете да бидете и огромен оптимист дури и кога стоите цврсто на земјата. Луѓето често бараат совет од вас, па неретко може да се уловите во улога на вечен оптимист кој упорно се обидува да ги развесели другите.

Водолија

Вие знаете како да уживате во животот, па не е ни чудо што во секој момент наоѓате убавина и надеж. Енергични сте, имате богата фантазија и вечни оптимисти. Иако не ве заобиколуваат разочарувањата и тешкотиите, сепак знаете да воспоставите лична контрола. Одлична помош ви се уметноста, природата и домашните миленици. Затоа, колку почесто можете, своето уживање во животот споделувајте го со другите.

Риби

Лесно е да ве повредат, затоа што сте чувствителни и склони кон промена на расположението. Но, во моментите кога најголемата тага ве обзема, планирате како да се извлечете, што е добар почеток. Сè додека не е проследено со често нуркање во фрижидерот или постојаното налевање со кафе, имате шанси да го задржите оптимистичкиот став. Потрудете се да ги избегнувате оние кои ја користат вашата љубезност, а кога веќе тоа ќе го сфатите предоцна, утешете се со омилената литература, музика или присуството на искрениот пријател.