Дали во автобусот се превезувала суровина за хероин?

„Зошто 4 дена никој не можеше да изврши контрола во седиштето на Беса транс? Зошто во Собранието не се закажуваат пратенички прашања на кои би одговарале МВР, Министерството за транспорт и директорот на Инспекторатот за транспорт? Зошто автобусот бил толериран да вози без лиценца 130 пати до Истанбул и назад? Зошто турите до Истанбул биле многу евтини за патниците? Зошто изгореа 45 живи и здрави млади луѓе и деца?

Дали оваа пеколна трагедија е цената која мораше да се плати со жртви заради организиран илегален превоз на анхидридна киселина која се користи за производство на хероин“, прашува Милошоски.