
Неспособноста на Шилегов се гледа и во тоа што 40 минути немаше екипи за гаснење на пожарот додека гореа бараките на поранешниот Суд за прекршоци во Градскиот парк, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Неспособноста на Шилегов се гледа и во тоа што 40 минути немаше екипи за гаснење на пожарот додека гореа бараките на судот. Главните прашања на кои треба да се одговори, дали станува збор за подметнат пожар на местото каде треба да се изградат згради? И дали во бараките има документација која уплашената власт во заминување ја уништува?“, наведено е во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, пожарот попладнево околу 16 часот избувнал во старите бараки во близина на ресторанот „Томче Софка“ во Скопје, каде што во минатото беше сместен Судот за прекршоци, а противпожарните екипи се излезени на терен и се обидуваат да го изгаснат.