
Британската здравствена агенција спровела студија во која што се покажало дека Wi-Fi Уредите мошне лошо влијаат на развојот на растенијата, но и на здравјето на луѓето.
Сепак во денешно време тешко е да се замисли животот без Wi Fi уреди. За да се поврземе на интернет, нашите безжични уреди – телефони, таблети и лап топи користат рутери што емитуваат електромагнетни бранови или WLAN сигнали што може да бидат мошне опасни по здравјето на човекот.
Резултатите од претераната изложеност на Wi-Fi се:
- Постојани силни главоболки;
- хроничен замор;
- несоница;
- бол во ушите;
- деконцентрација.
Она што можеме да го направиме е на некој начин да се одбраниме од деструктивните влијанија на технологијата. За почеток, обидете се да не спиете во просторија каде имате голем број уреди.
Според порталот Naturalandhealthyworld.com овие совети може да ви помогнат за сигурно и делумно да ја намалите штетата.
- Исклучете го Wi-Fi уредот кога не го користите;
- Пред да си легнете задолжително исклучете го Wi-Fi уредот;
- Немојте да го ставате рутерот во кујната или во спалната соба;
- Наместо безжични телефони, користете ги оние со жица.