Припадниците на етничката заедница Египќани во Македонија, се убедливо најмаргинализираната и најнеинтегрираната етничка заедница во Македонија. Како резултат на таквата позиционираност, која е подложна на тивка административна и културна асимилација, која патем се покажа и на резултатите на Пописот, кој ниту одблиску не ја прикажуваат објективната бројка на Египќаните во Македонија, истакна лидерот НГИ коалиција на Египќани, Демир Далип.
„Египќаните имаат секоја година сѐ поголем број на завршени средношколци, и најчесто не се примени на Факултетите каде што сакаат да го продолжат своето образование. Токму, поради тоа ќе испратиме допис до Министерот за образование и наука, а се со цел да се обезбедат Стипендии за ученици и студенти-Египќани и посебни-дополнителни квоти за Египќаните, како што тоа е пример и со Ромската етничка заедница, односно со примена на моделот на ткн „позитивна дискиминација“, нагласи Далип.
Додаде дека овие забелешки ги истакнал и на средбите со највлијателните странски амбасадори во Македонија.