Дамаск ги обвини „Белите шлемови“ за киднапирање 44 деца за исценирање хемиски напад

© AFP 2018 / Sameer Al-Doumy

Групата активисти ткн „Бели шлемови“ кои дејстуваат на бунтовничките територии во Сирија кои ги поддржува Западот, а сириската влада тврди дека станува збор за групација која нема никава поврзаност со хуманитарни акции, киднапирала 44 деца коишто ќе ги искористи за исценирање наводен хемиски напад кој треба да предизвика воена интрвенција од САД, Велика Британија и Франција а за што минатата седмица предупреди Москва, обвини во четвртокот сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем.

„Зад создавањето псевдоорганизации, каква што е и ткн ’Бели шлемови’, стојат британските тајни служби, кои ги спонзорираат и раководат со нив…. Според податоците кои ги поседуваме, тие неодамна киднапирале 44 деца во зоната на Идлиб за реализација на претставата со хемиското оружје“, изјави Муалем.

Шефот на сириската дипломатија, исто така, истакна дека зад спомената организација којашто и порано исценирала наводно користење хемиско оружје стојат западните тајни служби.

Министерствто за одбрана на Русија во саботата предупреди дека во регионот на Идлиб дошле и милитанти обучени за ракување со токсични супстанции под раководсвтво на експерти од британската приватна воана компанија „Олива“. Овие терористи треба да играат улога на спасувачи на наводните жртви на напад со хемиско оружје во облеките на контроверзните „Бели шлемови“, рече портпаролот на рускиот Генералштаб, генерал-мајорот Игор Конашенков.

За злоупотреби на деца од страна на западни земји во „валканите провокации“ претходно во четвртокот предупреди и портпаролката и специјален претставник на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Руските министерства истакнуваат дека според сознанија добиени од „независни извори од теренот“, џихадистичката група Хајат Тахрир ал-Шам, поранешната Џебхат ан-Нусра односно сириското крило на Ал Каеда, подготвуваатпровокација со употреба на хемиско оружје за што ќе биде обвинета владата во Дамск, и оти со таа цел веќе снимаат материјали кои се наменети за блискоисточни и медиуми од англиското говорно подрачје.

На 19-ти април годинава, таткото на момченцето, кое е снимено на видео од ткн невладина организација „Бели шлемови“ кои ја поддржуваат западните земји, а владата во Дамаск ги третира како групација која под маската на спасувачи и хуманитарни работи изведува субверзивни акции во полза на бунтовниците, изјави дека се подготвени да сведочатт дека во градот Дума на 7-ми април не се случил никаков напад со хемиско оружје. Таткото, кој се претставил како Омар Даиб, потврдил дека ќе сведочи пред која и да е меѓународна организација, дека не е вистинито тврдењето на „Белите шлемови“ кое потоа го преземаа медиумите а го прифатија владите на западните земји поради што на 14-ти април изведоа ракетни напади врз Сирија.

„Немаше никакви траги од повреди со хемиско оружје кај мојот син, тој беше малку подисплашен но здрав. Јас и моето семејство сме подготвени да сведочиме во кое и да е место на светот, било во Женева, било во Њујорк, дека немаш никаква примена на хемиско оружје“, изјавил мажот, пренесе агенцијата ТАСС. Единаесетгодишнот син на Диаб, претходно во репортажа за телевизијата Россия 24 рече дека борците на исламистичката групација Џаиш ал-Ислам му дале за учество во видео материјалите бисквити и колачи.

Во тој период по западното ракетирање на Сирија, постојаниот претставник на Русија во Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW), Александар Шулгин, изјави дека руските експерти кои ги проверувале извештаите за наводната употреба на хемиско оружје во Сирија на теренот во Дума, наишле на лица кои се гледаат на снимките кои ги лиферуваат „Белите шлемови“ како сведоци на наводниот напад. Русија има намера да ги донесе на состанокот на OPCW оние кои учествувале во подготовката на провокацијата во Сирија, додаде тогаш дипломатот.