
Кога ќе се отвори и кога ќе удри по поединци, по меѓународни мешетари со прави и факти. Ако нашите судови не одговорат, ќе одиме на меѓународните, истакна денес од пред законодавниот дом Борис Дамовски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
-Една имавме во Хаг ја добивме. Радоста и надежта нека нè сплотат. Секој од нас, десетици илјади ќе се потпишат на таа тужба затоа што секој од нас е оштетен од оваа ситуација. Душевната болка, на која сакаат да се повикуваат, е огромна посебно кога станува збор за душата на еден народ. Овие понижувања, местенки, прекршувања на правото нема да поминат, истакна Дамовски.
Радувајте се и не предавајте се, им порача Дамовски на присутните граѓани.