Данците на избори, Фредериксен се надева дека ќе ја добие довербата

Данците во вторникот излегуваат на изборите на кои премиерката Мете Фредериксен се надева дека гласачите ќе ѝ дадат признание за нејзиното постапување во текот на пандемијата и ќе ѝ ја дадат довербата да ја води земјата во обидите за надминување на растечката инфлација и геополитичката несигурност.

Избирачките места беа отворени во 8 часот утрото, а се затвораат во 20 часот по локално време, по што веднаш ќе следат две излезни анкети.

Во политичката арена поделена меѓу 14 партии, анкетите покажуваат дека ниеден од двата главни блока не може да освои мнозинство од 90 мандати во данскиот парламент Фолкетинг со 179 места.

Левичарскиот „црвен“ блок предводен од социјалдемократите на премиерката Фредериксен според анкетите има 49,1 отсто гласови, односно може да смета на 85 пратеници. „Синиот“ блок на десните партии според истите анкети има 40,9 отсто гласови, што на десната коалиција би и донел 72 пратенички мандати.

Изборите се претворија во битка за гласачите од центарот, со поранешниот премиер Ларс Локе Расмусен кој би можело да биде оној кој ќе ја донесе насоката со својата нова партија Умерени. Анкетите покажуваат дека неговата партија ќе освои 10 отсто од гласовите или 18 мандат, што претставува преткратно зголемување на поддршката од септември и изненадување за политичките коментатори.

Изборите се одржуваат во моментов кога високите цени на енергијата и највисоката инфлација по 40 години ја подјадува економијата, а само еден месец од саботажата на гасоводите Северен тек со кој гасот од Русија се испорачуваше во Германија и Европа преку водите на Данска и Шведска, што го поттикна чувството на несувереност и небезбедност меѓу Данците.

Анкетите покажуваат дека 44-годишната Фредериксен и нејзината Социјалдемократска партија повторно ќе биде најголемата партија во парламентот. Но далеку е од тоа дека таа ќе успее да остане на власт.

Анкетата којашто доцна во понеделникот ја објави институтот Gallup за дневниот весник Berlingske покажа дека 24 отсто од гласачите сѐ уште не одлучила кого ќе поддржи.

Фредерискен, која во 2019-та стана најмладата данска премиерка, настојува да формира широка коалиција преку традиционалните поделби на „леви“ и „десни“, тврдејќи дека политичкото единство е потребно во време не меѓународна неизвесност.

По предизборните кампањи, анкетите сега покажуваат дека Расмусен и неговите Умерени, основани пред само четири години, може да стане третата најголема партија во парламентот. Зад социјалдемократите и неговата поранешна партија либералите.

Иако Расмусен официјално не најави своја кандидатура за премиерската позиција, анкетите покажуваат дека гласачите повеќе него би сакале да го видат на таа должност, отколку десничарските кандидати Јакоб Елеман-Јенсен од Либералната партија и Сорен Папе Поулсен од Конзервативците. Доколку во вторник нема јасен победник, можни се долги преговори за формирање влада кои може да идат во пролог на Локе Расмусен.

Фредерискен беше пофалена за сигурното водење на Данска во текот на пандемијата на Covid-19, но нејзиниот мандат беше нарушен со контроверзната одлука за масовен колеж на нерци кон крајот на 2020 година поради стравот дека можат да шират мутирана варијанта на коронавирусот.

Судот ја оцени наредбата за незаконска, што резултираше со заминување на министерот и парламентарна истрага. Иако Фредериксен избегна секаква правна последица, тоа резултираше со слабеење на поддршката на нејзината партија и ѝ го скрати мандатот откако заканата со изгласување на недоверба ја присили да распише предвремени парламентарни избори.

Фредерискен е под притисок да смисли решенија за рекордната инфлација по речиси половина век. Владата досега беше претпазлива во користењето на нејзините омилени алатки во текот на пандемијата: големите пакети помош и полабавите фискални политики за поттикнување на стопанството.