Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, вчера попладне имал средба во владата со скопскиот градоначалник Данела Арсовска и со градоначалникот на општина Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, дознава НетПрес.
Засега нема информации за што се разговарала на средбата, единствено е познато дека состанокот траел околу околу час и половина, а една од можните теми била и можната коалиција на политички план.
Останува нејасно, и засега од градот Скопје не откриваат, дали станало збор и за одземањето на ингеренциите или актуелните проблеми на скопјани?