
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев во четвртокот на дваесетто продолжение на конститутивната седница на Собранието, истакна дека фактурата за прифатената Тиранска платформа се македонските национални интереси.
„Веќе е јасно платформа има, таа беше наметната како уцена и е прифатена. Фактурата за тоа се македонските национални интереси. Затоа колегите од СДС еве веќе десет дена молчат, но не само во Собранието на Република Македонија тие молчат и во нивните штабови. Затоа што нивните пак членови секојдневно ги прашуваат со онаа позната реченица на нашиот кошаркар, леле луѓе што направивме“, рече Данев.
Додаде дека СДСМ ги излажа граѓаните и токму затоа веќе 60 дена секојдневно се на улица низ цела Македонија, протестирајќи против Тиранската платформа и барајќи избори да одлучат на кого сакаат иднината да ја оставаат.