Дани Алвеш го одбележа дербито, ама жена му им го сврте паметот на навивачите (ФОТО)

Чави Ернандез почна да ја центрира Барселона на нејзинот добро познат начин на игра, па така победата од 4:2 во дербито против Атлетико Мадрид е јасен знак дека се на добар пат.

Еден од јунаците на тој меч беше ветеранот Дани Алвеш кој го одигра 1000-от меч во својата кариера а овој јубилеј го прослави со гол и асистенција.

View this post on Instagram

A post shared by Joana Sanz (@joanasanz)

А додека Алвеш беше феноменален во победата на својот тим, многумина приметиа дека тој има голема поддршка од трибините  од својата сопруга Жоан Санц.

По завршување на мечот тие двајца поминаа низ шпалир кој го направија навивачите, па не оддолеаа и упатија комплименти на сметка на шпанската манекенка.

Интересно е што таа два пати ја одбила брачната понуда од Бразилецот, а во наредната „трета среќа“ прифатила да се омажи за него.