Даниел Крег доби понуда од 150 милиони долари за уште два филма за Бонд

Според последните информации актерот Даниел Крег доби понуда од 150 милиони долари за да ја толкува улогата на Џејмс  Бонд во уште два филма.

На Даниел претходно му беа понудени 99 милиони и тогаш ја одби понудата, а за последната сеуште не одговорил. Интересно е да се истакне дека Крег за четирите претходни Бонд филмови во кои што се појави заработи речиси за половина помалку пари од она што му е понудено за наредните два.

Актерот минатата година изјави дека „прво би се убил отколку повторно да го игра Бонд“ и дека само поради пари би можел повторно да ја толкува улогата на познатиот Агент 007. Во моментов во Велика Британија има обложувања за тоа кој би можел да биде следниот Бонд.