Данило Брестовац си заминува од Ал-Сафа

Данило Брестовац во новата сезона ќе има нов клуб затоа што се раздели со екипата на Ал-Сафа од Саудиска Арабија.

Брестовац дојде во екипата пред пет месеци, а успеа да дојде до финалето од Купот и да заврши на третата позиција, сезона која се оценува како успешна. Сепак, тој ќе има нов предизвик во новата сезона.