Данило Переира во ПСЖ

Играчот од средниот ред на Порто и португалската фудбалска репрезентација Данило Переира мина во понеделникот, на последниот ден од преодниот рок, во францускиот шампион Пари Сен Жермен, како позајмен играч но со опција за откуп, објави парискиот клуб.

По една година мината како позајмен играч, ПСЖ ќе може да го откупи договорот на 29-годишниот Переира, а неговата цена се пороценува на 16 милиони евра.

Данилот во Порто игра до 2015 година и беше капитен на репрезентацијата со која го освои Европското првенство и за која одиграл 39 натпревари на кои постигнал два погодока.

„Приклучувањето на еден од најголемите европски и светски клубови е врвот на мојата кариера“, напиша Периери на интернет страницата на ПСЖ.