Бројот на хоспитализации стагнира, но прашање е до кога ќе биде тоа така, вели еидемиологот Драган Даниловски во Студи 10 на Тв24.
Се надевам дека од средината на декември ќе има значаен тренд на опаѓање на бројките. Народот кај нас е тој што е, постои отсуство на совест, на сочувство. Имам впечаток дека контролата на протоколите не се извршува, сведоци сме на собиранки, полни кафулиња, не може преку ноќ да се смени кај младите луѓе, долгорочен проблем. Се плашам дека тоа што следуваат славите ќе донесе нови ризици, апелирам тие чествувања да бидат со високо ниво на свест, но и црковните власти повикаа дека во црква треба да се влезе со маска. 846 луѓе што ја изгубија битката на 1 милиони жители е денешната бројка, но тој просек ќе се одржува сигурно до крајот на декември.
Се прашуваме дали можеме нешто дополнително да сториме за тој број да се намали, и на позитивни, и на луѓе кои ја изгубиле битката со болеста, рече Даниловски.