Владата на Данска најави дека значително ќе го зголеми снабдувањето со енергија од обновливи извори и привремено ќе го зголеми домашното производство на гас во северните морски полиња, за што побрзо да го реши проблемот со зависноста од Русија.
„Ние ќе го зголемиме, за ограничен временски период, производството на природен гас од Северното море”, изјави данската премиерка, Мет Фредериксен. „Убедени сме дека е подобро да се произведе гас во Северното море, наместо да се купува од Владимир Путин”, рече таа.
Данска со производството во Северното Море би можело да стане независна од рускиот гас за следната година. Според Фредериксен, бидејќи Данска е дел од европската гасна мрежа, и требаат и други земји за да стане независниа.
Владата, исто така, ги презентираше плановите за драстично зголемување на производството на енергија од обновливи извори, ветер и Сонце, и воведување уникатен данок на јаглерод врз емисиите на гасови за компаниите.
Целта е за осум години да се зголеми производството на електрична енергија од обновливите извори, како и од ветерните електрани, за помеѓу еден и четири гигавати.
Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Европа дека може да остане без руски гас ако не го плаќа во рубљи. Руските банки поради воведените санкции на западните земји, не можат да вршат трансакции во странска валута. Затоа, Москва препорача клиентите од „непријателските земји”, кои воведоа санкции, гасот да го плаќаат во договорената валута, долари и евра, преку посредничка банка во Русија. Банката потоа ги продава на аукција на Московската берза и рубљите ги уплаќа на сметката на производителот.