Данска ќе испрати седум борбени авиони во Ирак

Пратениците во данскиот парламент поддржаа денеска предлог на Владата да испрати седум борбени авиони Ф-16 кои ќе бидат дел од меѓународната коалиција што извршува воздушни напади врз припадници на екстремистичката Исламска држава, објави МИА.

Со 94 гласови „за“ и четири против, пратениците донесоа одлука за испраќање четири оперативни и три резервни авиони и 140 пилоти и припадници на воздухоипловен персонал на период од една година.

Авионите ќе бидат стационирани во Кувајт. Данците во Ирак испраќаат и 120 експерти кои ќе вршат обука на ирачките и курдски борци кои се борат против екстремистите од ИД.