Со македонскиот „зелен пасош“, сепак, не може да патувате секаде. Документот кој е потврда за целосна имунизација и кој важи за патување во Европа, не значи и гаранција дека ќе може да влезете во одредена земја.
На вакви проблеми се пожалија граѓани кои при влез во Данска беа вратени, зошто тамошните власти не ја признавале вакцината „Астра зенека“ која се аплицира во Македонија. Иако вакцините од „Астра зенека“ се признаени и од ЕМА и ЕУ како вакцини со кои е дозволен влез, сепак, за Данска има разлика од вакцина до вакцина.
Патничката која го сподели немилото искуство советува за да избегнете проблеми доколку патувате во Данска, а сте вакцинирани со „Астра зенека“, да направите и ПЦР тест за секој случај.