Концептот „Вејвстар“ беше измислен од љубителите на едрилиците Нилс и Келд Хансен во 2000 година во Данска, пренесуваат медиумите. Иноваторите велат дека било потребно време и вистински предизвик да се создаде систем за редовно производство на енергија од океански бранови што всушност се појавуваат на секои 5-10 секунди.
Системот функционира преку редица од полу-потопени пловци, кои се зголемуваат и паѓаат во кривина додека бран поминува, формирајќи го иновативниот дел одсистемот на дизајнот на „Вејвстар“. Ова овозможува континуирано производство на енергија, иако брановите се периодични.
Енергијата создадена од јачината на брановите од морињата и океаните ќе игра клучна улога во обезбедувањето на нашата енергетска иднина, но само машините што можат да издржат најсилни бури ќе преживеат, токму на тоа работиме и ние – велат иноваторите.
Според нив климатските и еколошките прашања бараат пронаоѓање на повеќе обновливи извори со цел да се исполната идните енергетски потреби на човештвото.
Компанијата „Вејвстар“ ќе работи во хармонија со другите методи на чиста енергија за поддршка на движењето на алтернативната енергија и ќе обезбеди континуирано снабдување со чиста енергија. Замислете што можеме да направиме заедно, затоа и аплицираме за проекти за обновливи извори на енергија низ цела Европа, велат основачите.