Данска подготвена да испрати 800 војници за НАТО на Балтикот

Данска во втоникот соопшти дека баталјон со 800 војници ќе ги стави на располагање на НАТО како можно зајакнување на Алијансата во земјите на Балтикот поради наводната руска закана.

Оваа нордиска земја веќе испрати 200 војници и борбени авиони во Естонија и во Литванија, како и фрегата во источниот дел на Балтичкото Море.

„Веќе на големо сме присутни на теренот, но подготвени сме да сториме и повеќе. Затоа владата предложи во балтичките земји да се испрати баталјон со околу 800 војници“, изјави данската премиерка Метее Фредерискен на прес-конференција по средбата посветена на данската помош во украинската криза.

Баталјонот е веќе во состојба на приправност за да може да биде испратен доколку има потреба. НАТО треба да ѝ упати официјално барање на Данска за да може да ги испрати овие војници на теренот, посочи Фредериксен.

Данската премиерка во среда и во четврток ќе престојува во Естонија, Латвија и Литванија придружувана од претседателите на главните дански партии за да ги посети данските војници распоредени во споменатите земји.

Изјавата на Фредерискен дојде по обраќањето на украинскиот претседател Владимир Зеленски во вторникот во данскиот парламент, каде му се заблагодари на Копенхаген за помошта. Данска, како и сите западни земји на Украина и испрати разни водови оружје во војната со Русија.