По речиси два месеца без ограничувања, Данска повторно ќе ги воведе здравствената пропусница порад остриот пораст на бројот нови случаи на Covid-19, објави премиерката Мете Фредериксен.
„Комисијата за епидемијата ѝ препорача на владата да го класификува коронавирусот како ‘болест која се заканува на општеството’ и повторно да ја воведе здравствената пропусница. Владата ќе ја следи оваа препорака“, изјави шефицата на данскатга влада Мете Фредериксен на прес-конференција.
Кон крајот на минатата седмица, здравствените власти предупредија на опасната од „преоптовареноста“ на болниците поради Covid-19, грипот и другите заразни болести.
Во понеделникот, петти ден со ред, имало повеќе од 2.000 новозаразени во Данска која има 5,8 милиони жители, а 36 пациенти се на одделите за интензивна нега.
Здравствената пропусница ќе биде задолжителна за влегување во кафулињата, рестораните и ноќните клубови.
„Со корона-пропусниците може да се живее. Таа ви овозможува да бидете мирни кога одите во кино или на концерт. Повторното воведување на пропусниците ќе им го комплицира секојдневието на оние кои не се вакцинирани. Мислам дека така треба да биде“, рече премиерката Фредериксен.
Земјата пионер во воведувањето на ковид-пропусниците, која беше воведена пролетва, Данска ја укина на 10-ти септември во време кога бројката на новозаразените беше четири пати помал од денешниот. Во Данска 85,9 отсто од постарите од 12 години ги примиле двете дози од вакцините против коронавирусот.