Данска продолжува со доминацијата, Холандија ја декласираше Турција

Данската фудбалска репрезентација продолжува да доминира во Групата Ф во квалификациите за Светското провенство во Катар следната 2022 година, и во шестиот натпревар ја оствари шестата победа совладувајќи ја во вторникот во Копенхаген селекцијата на Израел со високи 5:0.

Денеска на шесте натпревари постига дури 22 погодоци со ниту еден примен. За победата против Израел стрелци беа Поулсен во 28, Кјаер во 31, Сков Олсен во 41, Делани во 58 и Корнелиус во првата минута од судиското продолжение на натпреварот.

Со поразот Израел падна на третото место во групата со 10 бодови, а го мина Шкотска којашто ја изненади Австрија во Виена соладуваќи ја со 1:0 со голот на Дикест во 30 минута од пенал. Второпласираната Шкотска сега има 11 бодови, додека Австрија е четврта со седум бодови.

Фарските Острови имаат четири бодови откако со 2:1 со головите на Олсен во 68 и Ватндал во 72 ја совлада Молдавија за која стрелец беше Милинчеану во 84 минута, а има само еден бод.

 

Актуелниот светски првак Франција се издвои на врвот на Групата Д со домашната победа од 2:0 во Лион против Финска, а двата гола ги постигна Антоан Гризман, во 25 и 53 минута. Франција сега има 12 бодови од шест натпревари, седум повеќе од Украина и Финска кои одиграа пет односно четири мечеви.

На дното на оваа група се Босна и Херцеговина и Казахстан со по три бода, откако ремизираа со 2:2 во Зеница. Гостите поведоа преку Куат во 53 минута, а пресвртот го направија Пјаниќ во 74 од пенал и Менало во 85 минута, но Зајнудинов во петтата минута од судикот продолжение на мечот стрелаше за реми.

 

Холандија во дербито во Групата Д во Амстердам ја декласираше Турција со 6:1. Троен стрелец беше Мемфис Сепаи во 16, во 38 од пенал и во 54 минута, а по еден погодок постигнаа Клаасен во 1, Тил во 80 и Мален во 90 минута, додека поразот на Турција го ублажи Ундер во втората минута од судиското продолжение.

Во истата група во Подгорица без голови ремизираа Црна Гора и Лат вија, додека Норвешка очекувано со 5:1 го повледи Гуибралтар. Хет-трик остари Халанд со головите во 27, 39 и 91 минута а по еден погодок постигнаа Торствед во 23 и Сорлот во 59, а Стиче во 43 минута беше стрелец за гостите.

Холандија го презема врвот на табелата во Групата Д со 13 бодови, колку што има и втораа Норвешка, Турција е трета со 11 па следат Црна Гора со 8, Латвија со 5 бодови, а Гибралтар е без бодови.

 

Србија несреќно во последните минути ја испушти победата на гостувањето кај Ирска, откако во 87 минута автогол си постигна Миленковиќ. Подобрата игра на гостите уште во 20 минута ја круниса со погодок Милинковичќ-Савиќ.

Со головите на Бернардо Силва во 26, Андре Силва во 31 и Диого Јота во 75 минута, Португалија го освои целиот плен на гостувањето кај Азербејџан

Со овие резултати Португалија се одлепи од Србија на врвот за два бода (13-11), трет е Луксембург со 6, Ирска има два а Азербејџан еден бод.

 

Во Групата Г беа постигнати очекувани резултати и три победи на домаќините. Хрватска во Сплит со 3:0 беше подобра од Словенија а стрелци беа Ливаја во 33, Пашалиќ во 6 и Влашиќ во четвртата минута од судиското продолжение.

Русија и Словачка остварија идентични победи од 2:0 над Малта односно Кипар. За Русите стрелци беа Смолов во 10 и Бакаев во 84 минута од пенал, а Словаците до победата во вториот дел ги донесоа погодоците на Шранз во 55 и Косчелник во 77 минута.

Хрватска поради подобра гол-разлика од Русија е на врвот на табелата, двете селекции имаат по 13 бодови, Словачка е трета со 9, Словенија има 7, а Малта и Кипар по четири бодови.