Данска планира да укине државен празник за да заштеди 3,2 милијарди дански круни, или 400 милиони евра годишно, објави министерството за финансии, а владата планира да ги употреби заштедените пари за финансирање на војската.
Владата од 2024 година најверојатно ќе го укине празникот кој паѓа на четвртиот петок по католички Божик, а во Данска се слави како Ден на големата молитва.
Функционери од министерството за финансии пресметале дека со укинување на само еден празник би се зголемил данскиот бруто домашен производ (БДП) за 9,4 милијарди круни, односно 1,2 милијарди евра.
Планот сепак наиде на критики, имајќи предвид дека владата на премиерката Мете Фредерискен планира да ги искористи заштедените пари за финансирање на поголема воена потрошувачка, наведува DPA.