Данска воведува данок на издувни гасови кај добитокот, фармерите ќе плаќаат по 90 евра за крава

Сточарите во Данска наскоро би можеле да плаќаат годишен данок од 90 евра по крава поради штетните емисии кои влијаат на глобалното затоплување и климатските промени. Коалициската влада оваа недела се согласи да го воведе првиот данок на јаглерод во светот за земјоделските емисии, кој треба да започне да се собира во 2030 година.

– Ќе бидеме првата земја во светот со земјоделски данок за емисиите на јаглерод – изјави вчера министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен.

Данската млечна индустрија во голема мера го поздрави договорот и неговите цели, но тоа не е случај за некои фармери кои се бесни од одлуката.

– Ова е чиста бирократија. Знаеме дека има климатски проблем, но не веруваме дека овој договор ќе го реши – изјави претседателот на групацијата на фармери Bæredygtigt Landbrugгрупата Питер Киер.

Данскиот парламент треба да го одобри данокот годинава, а тој треба да започне да се применува во 2030 година, кога ќе изнесува 40 евра по тон емисии од добиток, за да се зголеми на 100 евра во 2035 година.

и испуштаат просечно 5,6 тони еквивалент на CO2 годишно, што значи дека фармерите ќе плаќаат  90 евра по крава според пониската даночна стапка.

Даночните приходи во првите две години ќе се користат за поддршка на зелената транзиција во земјоделската индустрија.

Данска е главен извозник на млечни производи и свинско месо, а земјоделството е најголемиот извор на емисии во земјата.

Глобалниот систем на храна е главен придонесувач за климатската криза, произведувајќи околу една третина од емисиите на стакленички гасови. Особено големо влијание има сточарството, кое во 2015 година предизвика околу 12% од глобалните емисии. Дел од ова загадување доаѓа од метан, гас што ја затоплува планетата произведен од кравите и некои други животни.