Данската премиерка Мете Фредерискен, од партијата на социјалдемократите, ги именуваше во четвртокот десно ориентираните политички ривали во клучните министри во нејзината нова реформски ориентирана повеќапартиска влада.
Лидерот на опозицијата Јакоб Елемнан-Јенсен од Либералната партија е именуван за потпретседател на владата и министер за одбрана, додека поранешниот премиер и челник на новооснованата Партија на умерените, Ларс Локе Расмусен, е именуван за министер за надворешни работи.
Фредерискен, чијашто Социјалдемократска партија освои повеќе од четвртина од гласовите на изборите на 1-ви ноември и стана најголемата партија во парламентот, во вторникот се согласи да се формира коалицијата којашто не е вообичаена за Данска.
Коалицијата е договорена откако Либералната партија и Партијата на умерените ја направија клучната отстапка со откажувањето од повикувањето за независна истрага за улогата на премиерката Фредерискен во случајот на уништувањето на илјадниците визони во текот на пандемијата на Covid-19, што речиси ја уништи оваа важна гранка во данската економија.
Со тоа е ставен крај на политичката сака поврзана со скандалот од првиот мандат на Фредериксен, по кој министерот за земјоделие поднесе оставка, додека премиерката се соочи со острите критики поради „тешкото мамење“ на јавноста.
Од поважните ресори, Николај Вамен од Социјалдемократската партија го задржа местото во министерството за финансија во новата влада. Инаку осум од 23 министри во новата влада се жени.
Новата данска влада, исто така, го именуваше поранешниот шеф на лобистичката организација на данските енергетски компании Ларс Аагард, кој не беше избран за пратеник во данскиот парламент, за министер за клима и енергија. Неговиот претходник на оваа позиција, Дан Јоргенсен ќе го води новото министерство за развојна соработка и глобална климатска политика.